ШТО САКАШ ДА ЗНАЕШ ?
ЛГБТ
smallarrow
ЗЛОСТАВУВАЊЕ
smallarrow
КАМИНГ-АУТ
smallarrow
ЗА НАС

Добредојдовте на веб страната Diversity Europe наменета за (сексуалните) различностите во Европа. Овде може да пронајдете мноштво од информации и алатки дизајнирани за подигање на свеста за ЛГБТ прашањата. Се надеваме дека овие инспиративни материјали ќе ве охрабрат и ќе ви помогнат при дискусија на оваа тема со младите луѓе, пријателите и семејството.

Целта на веб страната на Diversity Europe е поттикнување на отворени и културни дискусии. Се состои од видео матерјали кои пак се состојат од три секции: малтретирање или злоставување, каминг-аут и разговори. Секоја секција содржи разни видео материјали пропртени со важни прашања кои поттикнуваат дискусија. Тука исто така се и воведните прашања, дополнителните вежби, објаснување на едноставен начин за сексуалните различности, како и листа на организации за поддршка на ЛГБТ младите во вашата земја.

Видеата за Diversity Europe се направени за може од нив се развие дискусија отворена за секого без оглед на сопствените убедувања. Само преку отворени и искрени разговори можеме да создадеме свет полн со мир и продуктивност.  Филмот е моќен медиум за подигање на општествената свест. Филмот може да не однесе на места на кои не можеме физички да отидеме, а преку филмот можеме да стапиме во контакт со луѓе кои можеби нема никогаш лично да ги запознаеме. Филмот можеме да го гледаме повторно и повторно. Можеме да го запреме и да го вратиме наназад. Може да биде пред времето и да чека додека не бидеме спремни да се вклучиме во него. Филмот е медиум кој им зборува и на младите и на старите. Тој може да ја пренесе својата порака ширум светот. Овие видео матерјали можат да се гледаат во училниците, дневните соби, тинејџерските соби, пред копјутер и мобилните телефони, па дури и на рачните часовници.

Нашата намера е да се претстават ликовите и ситуациите искрено со сета своја реална животна комплексност. Прашањата кои се проследени со едноминутно видео ќе послужат како појдовна точка за дискусија. Затоа ве охрабруваме да поставувате дополнителни прашања кои ќе ве однесат во различни насоки, во зависност од добиените одговори.

На пример, можете да прашате: „Зашто некој кој е геј има потреба да им го соопшти тоа на останатите?“ Можете да ги прашате луѓето кои со вас го гледаат видеото, како би се чувствувале кога би биле на местото на било кој од ликовите на сцената. И што би направиле. Важно е да имате на ум дека сите кои се вклучени во ситуацијата, било таа да е позитивна или негативна, носат со себе комплексно минато и низа чувства, без оглед на сексуалноста. Клучно е да не очекувате ниту да барате одредени одговори, туку смиено да ги испитате сите страни од дебатата како би се постигнала максимална емпатија и разбирање. Не е нужна брза промена на мислења и убедувања.

Веб страната Diversity Europe е производ на проектот Visionary Youth (YQE). Замислена е како водич за луѓе кои работат со младите за подигање на свеста за сексуалните различности.

ВИДЕА
КОНВЕРЗАЦИИ
camcarimg
playvideobutton
ПРИМЕРИ
Collage-edited

Примери

Да се биде лезбејка, геј, бисексуалец и трансексуалец не значи дека имате помалку можности во животот. Да бидеме целосно искрени, во некои земји тоа ќе биде потешко да се биде отворен за вашата сексуална ориентација во вашиот личен живот, а и во својата кариера. Но, за среќа, во се повеќе иповеќе земји тоа не е проблем да се биде член на ЛГБТ заедницата.

Role Models

smallarrow
LaverneCox-edited

Лаверн Кокс

Таа ја игра улогата на Софија Бурсет во популарната серија на Netflix “Orange is the new Black”

Таа беше номинирана за престижната Еми награда како прво отворено и јавно трансродово лице. Нејзиното име е Лаверне Кокс и покрај тоа што е актерка, таа е и телевизиски продуцент,реалити ѕвезда и ЛГБТ поборник. Таа стана првото отворено трансродово лице што има восочна фигура на себеси во Мадам Тисо во 2015 година.

Entertainment

smallarrow
TimCook-edited

Тим Кук

Компанијата “Епл” е една од водечките компании во светот. Извршниот директор на оваа компанија е јавно отворен хомосексуалец Тим Кук.

На 30ти Октомври 2014та година Кук јавно се претстави како геј во една статија на Блумберг Бизнис со цитат “Горд сум на тоа што сум геј и тоа што сум геј го сметам за најголемиот подарок што бог ми го подарил “

Business

smallarrow
NoName-edited

Јохана Сигуроардотир

Дали е возможно јавно да се претставувате себеси како лезбејка и да бидете политички лидер на една земја. Се разбира дека е возможно. За тоа е пример и доказ Јохана Сигуроардотир поранешниот премиер на Исланд.

Таа беше премиер од 2009та до 2013та година во момент кога Исланд беше во голема финансиска криза. Таа не е единственото јавно ЛГБТ лице и премиер во Европа, тука се и Ксавиер Бете на Луксембург и Елио Ди Рупо на Белгија.

Politics

smallarrow
ИДНИ НАСТАНИ

IQMF Festival Amsterdam (7-16 December 2016)

IQMF фестивал Амстердам (7-16 Декември 2016) Од 7ми до 11 Декември во Амстердам ќе се одржи Меѓународен филмски фестивал за квир и мигранти ( International Queer and Migrant Film Festival). Овој фестивал ќе патува низ други филмски театри во други градови, Харлем,Утрехт,Ротердам,Хаг и Пурмеренд. Целта на фестивалот е да прикаже филм, фотографија и театар за…

Details

TRANSITION (10-18 November 2016)

Транзиција (10-18 Ноември 2016) MiGay – организира „Транзиција“ (10-18 Ноември 2016) во Виена, девет дневен филмски фестивал кој ја прикажува разликата на ЛГБТ+ малцинства. Преку предавања, работилници и филм целта на фестивалот е да ја зголеме видливоста, да креира и промовира платформа за вклучување на дијалог за теми како што се мигранти, трансродови лица, интерсексуалност…

Details